Loading Video...
Кошарка
9. July 2021 - 18:29

Проблеми во американскиот „Дрим тим“ - тројца кошаркари во каратнит поради Ковид-19

На 14-дена пред стартот на Олимпискиот кошаркарски турнир на кој Американците важат за апсолутни фаворити за златниот медал, проблеми во Ковид-19 во нивниот табор. 
 
Имено тројца кошаркари кои се на подготовките во Лас Вегас мораа да го напуштат кампот поради Корона вирусот.
 
Како што информираат тамошните медиуми, еден од нив е позитивен, додека другите двајца се третираат како негов близок контакт. 
 
Засега нема официјална потврда на имињата, иако извори на Асошијетед прес пренесуваат дека стнува збор за Имануел Квикли, Пи џеј Вашингтон и Мајлс Бриџис, играчи од тренинг тимот кој работи со 12-мината избрани за Олимпијадата во Токио. 
 
Нема потврда дали и меѓу 12-мината избраници на Грег Поповиќ има позитвен случај на Ковид-19.