Loading Video...
Фудбал
8. July 2021 - 11:26

Прво историско финале за Англија на Европското првенство

Англија и Италија ќе се борат за шампионскиот трофеј на Европското фудбалско првенство чија завршница се игра во Лондон.

 
До своето прво историско финале на Европските првенства, Англичаните стигнаа со победата од 2:1 во полуфиналниот деуел против Данска одигран на „Вембли“ во Лондон пред 60.000 гледачи. 
 
Иако Данците со прекрасниот гол од слободен удар на Дамсгард во 30-тата минута први дојдоа до предност, сепак домаќините беа оние кои на крајот се радуваа. 
 
Само девет минути подоцна, по акцијата на Сака од десната страна, Кјаер си постигна автогол за израмнување на 1-1 резултат кој остана до крајот на регуларните 90-минути. 
 
Во продолжението, односно послената минута од прводо дополнение,   Англичаните стигаа до втор гол. 
 
По пробивот на Стерлинг од десната страна иако во непосредна близина на акцијата имаше и втора топка на теренот, сепак судијата не ја прекина играта, а во продолжение по стартот над напаѓачот на Манчестер Сити, се реши да покаже на белата точка. 
 
Иако одлуката беше потврдена и од ВАР собата, сепак останаа сомнежите за досудениот пенал, кој во првиот обиде Кејн не успеа да го реализира, но по одбраната на Шмајхел, топката се одби до англискиоит капитен кој не ја пропушти втората шанса. 
 
Така Англичаните за прв пат во својата историја ќе имаат можност да се борат за шампионскиот трофеј и тоа повторно пред својата публика на „Вембли“ каде во недела ќе го играат финалето против селекцијата на Италија која во првиот полуфинален меч беше подобра од Шпанија по подоброто изведување на пенали.