Loading Video...
Кошарка
5. July 2021 - 12:18

Словенија и Чешка до историско прво учество на олимпискиот кошаркарски турнир

Познати се последните четири репрезентаци кои обезбедија учество на машкиот кошаркарски трнир на ОИ во Токио. 
 
Ниту една репрезентација која ја имаше улогата на домаќин на четирите квалификациски турнири не успеа да се избори за место за Олимпијадата. 
 
Во Викторија, Канаѓаните беа фаворити за првото место, но беа елиминирани во полуфиналето од селекцијата на Чешка која во финалето ја декласира Грција, па за прв пат во историјата Чесите ќе играат на ОИ и тоа во А група во која за противници ќе ги имаат фаворитите САД и Франција како и аутсајдерот  Иран 
 
Прво учество на игрите обезбедија и Словенците кои во финалето на турнирот во Каунас ја совладаа домашната селекција на Литванија, па на олимпискиот турнир ќе играат во Ц групата против Шпанија, Аргентина и домаќинот Јапонија.
 
И во Сплит и Белград домаќините потфрлија. Хрватска олимписките надежи ги загуби во полуфиналето во кое загуби од Германија, селекција која во финалниот меч беше подобра од Бразил. 
 
Во финалето во Белград, Србите разочараа и беа убедливо надиграни од репрезентацијата на Италија. 
 
Така Германците и Италијанците обезбедија „виза“ за Токио каде ќе настапуваат во Б групата заедно со Австралија и Нигерија. 
 
Машкиот олимписки турнир стартува на 25 јули, а по натпреварите од групната фаза, а пласман во четвртфиналната рунда ќе обезбедат двете првопласирани селекции, како и две од трите трето рангирани репрезентации. 
 
Олимпиското финале е закажано за 7 август.