Кошарка
5. July 2021 - 12:12

„Американските Атлети“ подобри од нашиот младински состав, денеска на ред јуниорите

Како дел од подготовките за настап младите македонски кошаркарски селекции на Македонија до 20 и до 18 години, кои летово ќе имаат настап на ФИБА Челенџ турнирите, деневовиве во скопје се одржува меѓународен турнир. 
 
На турнирот чии средби се играат во СРЦ Кале, покрај двете македонски репрезентации настапуваат и младинските репрезентации на Украина и Бугарија до 20 години како и американската екипа „Атлетс ин Екшн“
 
Во првиот натпревар одигран синоќа американскиот тим беше подобар од младинската репрезентација на Македонија (У20) која ја совлада со 15 поеи разлика 100-85.
 
Вечерва Аериканците ќе играат против јуниорската македонска репрезентација односно  селекцијата до 18 години. 
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
4.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
20.00: Македонија У20 – АиА (комбиниран тим)  85-100
 
5.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
20.00: Македонија У18 – АиА (комбиниран тим)
 
6.ЈУЛИ (ВТОРНИК)
20.00: Македонија У20 – Украина У20
 
7.ЈУЛИ (СРЕДА)
18.00: АиА (комбиниран тим) – Македонија У20
20.30: Украина У20 – Бугарија У20
 
8.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Македонија У20 – Бугарија У20
20.30: АиА (комбиниран тим) – Украина У20
 
9.ЈУЛИ (ПЕТОК)
18.00: Украина У20 – Македонија У18
20.30: Бугарија У20 – АиА (комбиниран тим)