Loading Video...
Кошарка
30. јуни 2021 - 11:54
Атланта израмни на 2-2 против Милвоки во финалето на Источната конференција
Иако без својот најдобар играч, Тре Јанг кој не настапи поради повреда, екипата на Атланта го израмни резултатот на 2-2 во победи во дуелот против Милвоки во финалето на Источната конференција на НБА лигата.
„Хоукси“ славеа убедлива победа со 110-88.
Ветеранот Лу Вилијамс беше предвоник во победничкиот тим, а натпреварот го заврши со 21 поени и 8 асистенции, додека Богдан Богдановиќ постигна едн поен помалку (20).
Кај Милвоки, најефикасен беше Холидеј со 19, додека Антетокумбо по 14 поени, но по само четири минути игра во второто полувреме Гркот се здоби со повреда и не го доигра натпреварот.
Засега не е позната тежината на повредата, но според американските медиуми Антетокуомпо најверојатно ќе го пропушти следниот, петти, натпревар закажан за во петок наутро од 2.30 часот во Милвоки.
Ноќеска во 3 часот по полноќ во „степлс центарот“ во Лос Анџелес, својот шести дуел ќе го играа „Клиперси“ и Феникс во кој „Санс“ влегуваат со предност од 3:2 во победи па евентуалентриумф ќе ги одведе сонцата до големото НБА финале.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
