Loading Video...
Фудбал
30. јуни 2021 - 11:33

ЕУРО 2020: Патот до финалето во Лондон

На Европското фудбалско првенство денеска и утре е слободен ден пред новите возбудувања што ќе ги донесе четвртфналната рунда. А, во неа, Англија и Украина го формираа последниот пар. 
 
Својот дуел за влез во „големата четворка“ Украина и Aнглија ќе го одиграат во сабота во Рим, по што ќе биде познат и последниот полуфиналист. 
 
Полуфиналната рунда ја отвараат Шпанија и Швајцарија со средбата закажана за во петок од 18 часот во Санкт Петербург, а веднаш по нив ќе играат Белгија и Италија во на „Алијанц арена“ во Минхен од 21 часот. 
 
Третиот четвртфинален пар го сочинуваат репрезентациите на Чешка и Данска, селекции кои ќе играат во сабота (3 јули) во Баку во терминот од 18 часот.

 

1//4 ФИНАЛЕ 
2 јули – петок 
БЕЛГИЈА - ИТАЛИЈА (Минхен)  18 часот
ШВАЈЦАРИЈА - ШПАНИЈА (Санкт Петербург) 21 часот

3 јули - сабота
УКРАИНА -  АНГЛИЈА (Рим) 18 часот
ЧЕШКА -  ДАНСКА (Баку) 21 часот 

ПОЛУ-ФИНАЛЕ
6 јули (Лондон), 21 часот   Лондон
Белгија / Италија  -  Швајцарија / Шпанија

7 јули (Лондон), 21 часот   Лондон 
Украина / Англија  - Чешка /  Данска

ФИНАЛЕ
11 јули (Лондон), 21 часот   Лондон