Loading Video...
Фудбал
1. јуни 2021 - 16:59
Холандија – Германија и Шпанија – Португалија во полуфиналето на ЕП до 21 година
додека го очекуваме стартот на сениорското ЕП до чиј почеток остануваат 10 дена, во младинската конкуренција, познати се четирите репрезентации кој ќе се борат за највисок пласман.
Селекциите на Холандија – Германија и Шпанија – Португалија ќе играат во полуфиналето на ЕП за фудбалери до 21 година.
Ова е исходот по супер интересните четвртфинални средби во кои само дуелот Холандија – Франција кој го добија „лалињата„ со 2-1 беше решен по регуларните 90 минути.
Португалија и Шпанија место меѓу четирите најдобри изборија по продолженијата.
Португалците славеа победа во дуелот Италија со 5-3 откако регуларниот дел заврши нерешено 3-2, а во продолжението младите Португалци постигнаа два гола.
Речиси по ист терк се одвиваше и меѓу Шпанија и Хрватска во кој Хрватите со гол од пенал во 93-тата минута се изборија за дополнителни 30-минути, во кој сепак Шпанците потврдија дека оправдано ја имаат фаворитската улога и забележаа победа со конечни 2-1
Најнеизвесниот меч го одиграа Германија и Данска. Откако во регуларниот дел Данците кои имаа водство од 1-0 ги делеа само две минути од пласман во полуфиналето, за во продолжението тие мораа да надополнуваат негатива од 1-2, за на крајот победникот да биде решен по подоброто изведување на пенали.
Во „пенал рулетот“ поефикасни и пред се поприсебни беа Германците кои на крајот ја добија пенал серијата со 6-5.
Така во четврток (3 јуни) од 18 часот во првата полуфинална пресметка ќе се сретнат Шпанија и Португалија, а вториот финалист ќе го дознаеме по мечот меѓу Холандија и Германија што ќе се игра во терминот од 21 часот.
Финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година е закажано за во недела (6 јуни).
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
