Loading Video...
Кошарка
22. May 2021 - 17:51
Познати три од четирите полуфиналисти во кошаркарскиот плејоф
Екипите на Пелистер, Еуро Никел и Работнички обезбедија пласман во полуфиналето на кошаркарскиот шампионат, во кое последниот патник ќе биде познат утре.
Ова откако трите тима и по втор пат беа подобри од своите противници Академија ФМП, Гостивар и ТФТ во четвртфиналните дуели, додека Куманово со триумфот над МЗТ Скопје Аеродром со 99-95 го израмни резултатот на 1:1 во победи со што се избори за трет натпревар.
Мајсторката меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе се игра утре во СЦ Јане Сандански со почеток од 17:30 часот.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе оди на мегдан на Пелистер, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Работнички и Еуро Никел.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
