Loading Video...
Кошарка
19. May 2021 - 11:15

Бостон се пласира во плејофот за кој ќе се борат Вашингтон и Индијана

Со плејин натпреварите започна разигрувањето за влез во плејофот во Источната конференција во НБА-лигата.
 
Тимот на Бостон е првиот што обезбеди место во плејофот, откако Селктикси предводени од Џејсон Тејтум кој постигна 50 поени го победија Вашингтон
 
Така Бостон во првата рунда од плејофот ќе игра против второпласираниот тим на Истокот и еден од главните фаворити за титулата, Бруклин. Серијата помеѓу овие два тима почнува веќе во сабота.
 
Кошаркарите на Вашингтон ќе имаат уште една можност за влез во плејофот. Тие ќе играат еден натпревар против Индијана која славеше победа против Шарлот со 144-117. 
 
Победникот од тој мече ќе биде осморангиран во Источната конференција, па  во плејофот ќе ги одмери силите со најдобриот тим на Истокот, Филаделфија.