Loading Video...
Фудбал
24. March 2021 - 17:44

Младите македонски фудбалери поразени од врсниците од Казахстан

 
 
Со пораз од Казахстан 2-1 младата македонска фудбалска селекција, играчи до 21 година, го започна својот настап на  турнир во Анталија 
 
Казахстанците имаа предност од 2:0 со головите постигнати во 56-тата и 70-минута.
 
Само пет минути подоцна Берат Калкан го намали резултатот на 1-2, но иако до крајот на мечот избраниците на Милевски се обидуваа да стигнат до израмнување сепак, не успеа да избегнат пораз.
 
Покрај денешниот меч со Казахстан, младите македонски фудбалери ќе одиграат и контролни средби со селекциите на  Словачка  на 27 март (сабота) и Бугарија на 29 март (понеделник)
 
Овој турнир на селекторот Милевски ќе му послужи за проверка на можностите на играчите и своевиден филтер преку кои треба да се гради тимот кој од септември месец ќе го започне новиот квалификациски циклус.