Loading Video...
Кошарка
24. March 2021 - 15:16
Задоцнет финиш на Работнички да избегне пораз од Борац Бања Лука
Во Златибор каде се одржува последниот турнир од регуларниот дел на сезоната во АБА 2 лигата, кошаркарите на Работнички претрпеа нов пораз.
Во дуел од 11.коло тие беа поразени од екипата на Борац бања Лука со 68-78, речиси ги загубија и теоретските шанси за пласман меѓу осумте најдобри.
Со само седуммина кошаркари во ротација Работнички кој имаше и негатива од 14 поени разлика (32-46), во финишот успеаја да се врати во игра, но не и да направи комплетен резултатски пресврт.
Следниот натпревар тимот од „Градски парк“ ќе го играат утревечер во 21 часот, против словенечкиот Хелиос, а претходно во терминот од 13 часот, својот натпревар од 12.коло ќе го одиграат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кој за противник ќе ја имаат хрватска екипа Горица.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
