Loading Video...
Ракомет
19. March 2021 - 13:49
Вардар на „поправен“ против Мотор Запорожје
Во натпревар од Б групата на СЕХА лигата вечерва во „Јане Сандански“ вардарци ќе се обидат да го поправат впечатокот по поразот од Нексе пред три дена.
Црвено-црните нема да имаат ни малку лесна задача бидејќи за противник ќе го имаат Мотор Запорожје, тим кој во досегашниот тек од регионалното натпреварување има максимални три победи и е на првото место на табелата во оваа група.
Вардарци пак се со половичен учинок со по две победи и порази.
Потсетување дека првиот меѓусебен дуел одигран пред дваесет дена во Украина заврши со победа на Мотор со 30-23.
Вечерашниот дуел меѓу Вардар и Мотор Запорожје ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
