Loading Video...
Ракомет
18. March 2021 - 18:46

Е. Пелистер победи на гостувањето кај Металопластика

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа победа на гостувањето кај Металопластика во натпревар од регионалната СЕХА лига. Во натпревар од А групата Еурофарм Пелистер  ја победи Металопластика со 34-27. 
 
Најзаслужни за третата победа на пелоистерци во регионалното натпреварување беа капитенот Чанески кој средбата ја заврши со 14 одбрани, а во нападот се истакна Граџан кој со 7 гола беше најефикасниот во победничката екипа. 
 
Пелистерци сега имаат 9 бодови колку и ППД Загреб но хрватскиот шампион има одиграно еден натрпревар помалку.
 
Следениот натпревар Битолчани ќе го играат на гости против Татран Прешов на 3 април.
 
Потсетување дека вчера Вардар загуби на гостувањето кај Нексе со 36-32, а веќе утре (20:15 часот) вардарци ќе го играат натпреварот против украинскиот 
 Мотор Запорожје.