Loading Video...
Фудбал
15. March 2021 - 15:59
Ангеловски го објави поширокиот список за стартот на Мундијалските квалификации
Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска го објави поширокиот список за првите три средби во Мундијалските квалификации.
Десет дена пред стартот на новиот квалификациски циклус, овојпат за Светското првенство во 2022 година, селекторот Игор Ангеловски ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за првте три натпревари.
На списокот на Ангеловски се веќе проверените и докажани играчи, кои го понесоа најголемиот товар во историскиот пласман на Македонија на европскиот шампионат летово.
Меѓу 26-те имиња се и голманот на Работнички, Ристе Јанков како и Марјан Радески од Академија Пандев, но го нема фудбалерот на германски Штутгарт, Дарко Чурлинов.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);
ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);
Според планот, првиот собир е на 22 март во Скопје, а три дена подоцна (25 март) во Букурешт против Романија ќе го одиграме првиот натпревар.
На 28 март во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Лихтенштајн, а првиот круг од квалификациите ќе го закружиме со дуелот против Германија закажан за 31 март во Дуизбург.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
