Loading Video...
Ракомет
14. March 2021 - 18:42
Данците не дозволија ново изненадување на македонските ракометари
Машката македонска ракометна репрезентација е поразена од Данска во натпревар од квалификациите за ЕП. Откако пред три дена славевме победа во Скопје, овојпат во Алборг, актуелните светски и олимписки шампиони Данците не дозволија ново изненадување на македонските ракометари.
Иако во првата половина на првото полувреме бевме рамноправен противник и имавме само еден негатива (7-6) сепак во продолжението Данците постигнаа десет, а ние само четири голови па домаќините го добија првото полувреме со 17-10.
Така вториот дел беше само чиста формалност па Данците на крајот славеа со 37-21 .
Во вториот натпревар од нашата група Швајцарија со 32-30 ја победи Финска па сега Данска и Македонија имаат по шест, Швајцарија четири, а Финците се без освоен бод.
Во последните два натпревари од квалификациите македонските ракометари на 28 април кога ќе и гостуваат на Финска, а на 2 мај кога во Скопје ја пречекуваме Швајцарија.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
