Loading Video...
Ракомет
13. March 2021 - 18:49

Македонските ракометари едногласни - во Данска да потврдиме дека победата не беше случајна

Машката македонска ракометна репрезентација е во Алборг каде утре ќе го одигра возвратниот меч против данска во квалификациите за ЕП 
 
Без искусниот Стојанче Стоилов кој поради повреда не отпатува за Данска, македонските ракометари утре ќе се обидат да потврдат дека победата во Скопје над актуелниот светски и олимписки шампион не била случајна. 
 
Утрешниот меч меѓу Данска и Македонија ќе започне во терминот од 16 часот.