Loading Video...
Фудбал
13. March 2021 - 18:45
Мојсоски: АМС нема да го признае утрешното Собрание на ФФМ
Како увертира на утрешните прволигашки натпревари, за претпладневните часови во Скопје закажано е Изборното Собрание на ФФМ.
Во пресрет на истото директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски испрати официјален допис со кој ја информира јавноста, но и федерацијата, дека нема да го признае ова собрание.
„ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инсистирањето на АМС.
Иако се покренатите институционални и судски постапки, ФФМ продолжува да функционира и да делува спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.
Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17 февруари 2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од ОФС, како и избор на тела во ФФМ“, меѓу другото стои во соопштението на директорот на АМС, Мојсоски.
Собранието на ФФМ ќе се одржи во х. „Александар Палас“ со почеток од 10 часот
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
