Loading Video...
Ракомет
10. March 2021 - 14:31
Последeн ден подготвки пред дуелот со светскиот шампион Данска
Машката македонска ракометна репрезентација ги прави завршните подготовки за двомечот со актуелниот светски и олимписки шампион Данска. Последен ден од мини подготовките за македонските ракометари пред првиот од двата дуели против Данска во квалификациите за ЕП.
Новиот селектор и актуелен капитен Кирил Лазаров останува да реши со кои 16-тмина ќе го одигра утрешниот меч против светските и олимписки прваци.
Едно е сигурно дека прва опција меѓу стативите ќе биде голманот Никола Митревски кој против големите фаворити секогаш гледа инспирација повеќе
„Задоволство е секогаш да се игра против светски шампион. Штета што нема да има навивачи во салата. Секогаш е мотив плус да се одигра добро на таков меч и да се даде максимумот. Мотивацијата секогаш е на големо ниво кај нас, мислам дека не треба премногу да земаме при срце доколку доживееме неуспех, бидејќи имаме два меча против Швајцарија и Финска на кои влегуваме како фаворити и со максимален пристап ќе го завериме пласманот на ЕП. Овие два меча со Данска ќе служат како подготовки за понатаму“, истакна Митревски.
Мечот Македонија – Данска ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
