Loading Video...
Фудбал
10. March 2021 - 2:06
Порто и Борусија Дортмунд први четвртфиналисти во ЛШ
Порто и Борусија Дортмунд први четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Ова е епилогот по првите реванш осминафинални натпревари одиграни во Торино и Дортмунд.
Иако италијанскиот шампион забележа победа над Порто со 3:2, сепак поразот портигалцкиот тим е оној кој оди меѓу осумте најдобри бидејќи во првиот меч славеше со 2:1, резаултат кој беше актуелен во регуларните 90-минути од реваншот, но во полза на Јувентус. Во продолженијата односно 115 минута, Серхио Оливеира постигна прекрасен гол од слободен удар, со што го најави пласманот на португалската екипа во четвртфиналето, па голот на Рабио во 117 минута беше само мала утеха за „старата дама“ која оствари пирова победа со конечни 3:2.
Победата на Борусија на гостувањето во Севилја со 3:2, се покажа како доволна „милионерите„ да се пласираат во следната рунда. Реаваншот во Дортмунд заврши 2:2, па со вкупен резултат 5:4 германската екипа е во четвртфиналето.
Вечерва ќе бидат познати уште две екипи кои ќе играат во четвртфиналната рунда откако во Ливерпул англискиот тим ќе стартува со предност од 2:0 остврена на првата средба против Лајпциг, додека ПСЖ го во Париз ќе ја пречека Барселона која на „Камп Ноу“ за совлада со 4:1 во првиот меч.
Натпреварите започнуваат во стандардниот термин од 21 часот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
