Loading Video...
Ракомет
9. March 2021 - 14:48

Симовски го објави скратениот список за мундијалските квалификации

Селекторот на женската македонска репрезентација, Симе Симовски го објави скратениот список на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско Првенство што во 2021 година ќе се игра во Шпанија.
 
На список на Симовски се 20 ракометари, повеќето интернационалки, меѓунив  Сара Ристовски, Лавриниќ, Мицевска. Од нив 16 ќе бидат во конкуренција за трите натпревари.
 
Првата прозивка Симовски ќе ја направи на 15-ти а веќе на 19 март е и првиот меч во кој нашите ракометарки за противник ќе ја имаат селекцијата на Исланд. 
 
Ден подоцна (20 март) ќе играат против Литванија, а квалификацискиот турнир ќе го заокружат на 21 март со мечот против Грција. 
 
 
Потсетување дека натпреварите од 4-тата група од квалификациите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а двете прво рангирани селекции ќе обезбедат пласман во баражот за мундијалските квалификации.