Loading Video...
Ракомет
9. March 2021 - 14:43

Комплетиран тимот за дуелот против Данска

Со приклучувањето на Жарко Пешевск машката македонска ракометна репрезентација од денеска е во комплетен состав пред двомечот со Данска. 
 
Кирил Лазаров кој ќе ја има двојната улога на селектор и капитен на ракометната репрезентација од денеска на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот список за двомечиот со актуелниот светски и олимписки шампион Данска. 
 
Меѓунив е и еден од најискусните, повратникот во националниот тим Филип Миркуловски кој ќе му помага и во стручниот штаб на Лазаров, но пред се ќе биде вистински репер за помладите како се бори за националниот дрес. 
 
Во тимот се враќа и искусното крило Гоце Ѓеорѓиевски кој не настапи на Светското првенство во Египет, но со промените и тој гледа само напред и оптимистички. 
 
Првиот дуел против Данците нашите ракометари ќе го играат во четврток (11 март) од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека возвратниот меч на програмата е на 14 март во Алборг (од 16:00 часот).