Loading Video...
Кошарка
10. February 2021 - 15:47

Кошаркарите се собраа за последниот квалификациски турнир за ЕП

Алаксандар Тодоров селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација денеска ја направи првата прозивка на играчите со кои ќе ги одработи мини подготовките за претстојните евро-квалификациски натпревари. 
 
Од седумнаесетината колку останаа на списокот на Тодорогв недостасуваа само интернационалците од Шпанија, Ненад Димитриевиќ и Стојан  Ѓуроски подоцна ќе им се приклучат на останатите.
 
Во кракот период репрезентацијата треба се подготви пред се тактички за четирите натпревари кои црвено-жолтите треба да ги одиграат во само пет дена од последниот квалификациски круг за ЕП 2021-ва. 
 
„Специјална физичка подготовка на тимот во период од седум дена колку што имаме до првиот натпревар, од кои само последните два тренинзи ќе сме комплетни, е невозможна. Она на кое можеме ние, како стручен штаб да влијаеме, е процесот на ‘рекуперација’, каде имам огромна доверба во знаењата на нашиот медицински штаб и на кондициониот тренер Ерен Ханѓун. Како и она што го истакнав, да подготвиме соодветна стратегија како да настапиме на овие средби“, вели Тодоров.
 
Целта е јасна да се биде подобро рангиран од Естонија, но нема да се чека на последниот меч токму против овој противник 
 
Кошаркарите во СЦ Јане Сандански ќе тренираат до недела, од каде ден подоцна (понеделник наутро) заминуваат за Перм.
 
Двата дуели со Италија и по еден со Русија и Естонија ќе се играат во периодот од 18-22 февруари.