Loading Video...
Фудбал
4. February 2021 - 15:59

Барди со Леванте во полуфиналето на „Копа дел Реј“

 
Македонскиот репрезентативец Енес Барди заедно со својата екипа Леванте обезбеди пласман  во полуфиналето на „Копа дел Реј“. 
 
Леванте забележа минимална победа над Виљареал со 1:0 и тоа со голот на Роџер Мартин постигнат во последните секунди од продолжението, откако регуларните 90-минути завршија без гол 0-0. 
 
Со тоа Леванте за прв пат во клупската историја се пласира во полуфиналето, во кое место избори и Барселона која со многу мака и по продолжение со 5-3 ја победи Гранада, екипа пак која во регуларниот дел се до 88-минута имаше водство од 2:0. 
 
Меѓу четирите најдобри е и Севилја која со 1-0 во четвртфиналето ја елиминира Алмерија.
 
Последниот полуфиналист ќе биде познат вечерва по мечот меѓу Бетис и Атлетик Билбао.  
 
Ждрепката за полуфиналето ќе се одржи утре.