Loading Video...
Фудбал
31. January 2021 - 17:54

Пандев, Нестороски и Алиоски се радуваа на гостински победи на своите екипи

Македонските репрезентативци Горан Пандев и Илија Нестороски се радуваа на победи во натпреварите од 20.коло на Серија А. 
 
Капитенот на македонската репрезентација Пандев ги одигра завршните 20-минути за  состав на Џенова која забележа победа на гостувањето кај последно рангираниот Кротоне со 3-0 . 
 
Илија Нестороски пак го одигра целиот натпревар за Удинезе кој исто така забележа гостинска победа со 1:0 против екипата на Специја. 
 
Двете екипи се во долниот дел од табелата и тоа со идентични 21 освоен бод, со тоа што Удинезе е 13-ти, а Џенова веднаш зад него на 14.место. 
 
И Ерџан Алијоски се радуваше на гостинска победа. Алиоски ги одигра сите 90-минути за екипата на Лидс Јунајтед која на гостувањето кај Лестер во мечот 21.коло на Премиер лигата  забележа победа со 1-3.
 
Лидс со новите бодови и вкупно 29 колку што има Саутемптон е на делба на 11-тото и 12 место на табелата.