Loading Video...
Фудбал
30. January 2021 - 18:24
Барди асистираше за победа на Леванте на гостувањето кај Реал
Благодарение на одличната асистенцијата на македонскиот репрезентативец Енес Барди по која следуваше гол, екипата на Леванте направи големо изненадување совладувајќи го Реал и тоа во Мадрид со 2:1.
Гостите ја искористија предноста од играч повеќе откако во 9-минута Милитао заработи црвен картон, а во 13-тата Асенсио му донесе водство на Реал. Сепак во продолжението Мораеш во 32-минута израмни на 1:1, а во 78-минута, по акцијата на Барди, уследи голот за победа на Мартин Рожер.
Овој кикс на Реал го искористи Севилја која со победа над Еибар 2-0, сега е на 3.место на табелата со 39 бодови, еден помалку од Реал кој е втор, односно два повеќе од Барселона која е четврта, а која утре го пречекува Атлетик Билбао.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
