Loading Video...
Фудбал
30. January 2021 - 18:04

Ибрахимовиќ примаши пенал, но Милан ја победи Болоња

Лидерот на табелата во италијанската Серија А, Милан ја победи Болоња на гостински терен со 2:1 во меч од 20-тото коло. 
 
„Росонерите“ поведоа во 26-минута преку Анте Ребиќ кој го коригираше промашувањето на Ибраимовиќ од белата точка. 
 
Во 55-тата минута беше досуден нов пенал за Милан, а овојпат сигурен реализатор беше Франк Кеси. 
 
Голот за домаќините го постигна Поли на девет минути пред крајот. 
 
Милан сега има 46 бодови, пет  повеќе од Интер кој вечерва го пречекува Беневенто.