Loading Video...
Спорт плус
29. December 2020 - 14:35

Прв триумф на Американецот, Корхан Сигл во Светскиот куп

Американецот, Рајан Кохран Сигл е победник на супер-велеслаломската трка одржана во италијанскиот ски-центар Бормио. 
 
До својот прв триумф во Светскиот куп Американецот стигна за 79.стотинки побрзо време од второ пласираниот Винсент Крихмајр од Австрија. Третото место му припадна на Норвежанецот, Адријан Смисет Сејерстед
 
Лидерот во Генералниот поредок во Светскиот куп, Алекс Пунтуро заврши дури на 12.место, а тоа го искористи Александер Амод Килде кој заврши на четвртата позиција, па сега Норвежанецот заостанува само 37 бодови зад Французинот
 
Утре, повторно во Бормио, скијачите ќе се натпреваруваат во Спуст, што е и последна трка во оваа календарска година.