Loading Video...
Фудбал
24. December 2020 - 16:20
Јунајтед против Сити во полуфиналето на Лига купот
Градското дерби на Манчестер ќе го одбележи полуфиналето во англискиот фудбалски Лига или Картабао куп
Ова е исходот од ждрепката, откако синоќа беше одигран и последниот меч од четвртфиналната рунда во кој Манчестер Јунајтед со 2-0 на гостински терен го победи Евертон и обезбеди пласман во полуфиналето.
А, во него, „црвените ѓаволи“ за противник ќе го имаат градскиот ривал Манчестер Сити тим кој е бранител на трофејот во ова натпреварување. Натпреварот ќе се игра на „Олд Трафор“.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат второлигашот и најпријатното изненадување екипата на Брентфорд која ќе биде домаќин на Тотенхем.
Полуфиналните натпревари на програмата се на а финалистите ќе бидат познати по само еден одигран меч.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
