Loading Video...
Кошарка
24. December 2020 - 16:17

Дончиќ не му помогна на Далас да избегне пораз од Феникс

 
Лука Дончиќ кој е еден од главните претенденти за признанието МВП во претходната сезона, одлично ја започна и новата. Сепак Словенецот не му помогна на својот тим Далас да избегне пораз на гостувањето кај Феникс со 106:102.
 
Дончиќ средбата ја заврши со 32 поени, 8 скокови и 5 асистенции, додека во победничката екипа најефикасен беше Букер со 22 поени. 
 
Веќе во следниот натпревар Далас ќе има тешко гостување во ЛА кај шампионот Лејкерси, тим кој исто така со пораз ја започна сезоната. 
 
Од останатите натпревари издвојуваме. 
 
Бостон во неизвесна завршница со минимални 122:121 славеа во дуелот против Милвоки, меч во кој за победничката екипа Браун постигна 33, а Татум 30 поени, додека за Бакси, Антетукомупо реализира 35 поени, а имаше и 13 скокови. 
 
Дербито на Флорида им припадна на кошаркарите на Орландо кои со 113:107 го победија вицепрвакот Мајами. Адебајо со 25 поени и 11 скокови беше најдобриот поединец кај поразената екипа, додека за победничката 25 поени постигна Французинот, Фурние.