Loading Video...
Ракомет
21. December 2020 - 15:54
Металург подготвен за Фајверс и прв триумф во Европската лига
Вчерашната победа над Работнички во натпреварот од домашната прволигашка конкуренција е добра најава дека тимот од Автокоманда, по долгата карантинска пауза, фаќа ритам.
Во „пеколниот ритам“ на забрзано одигрување на натпреварите сега на ред е мечот во ЕХФ Европската лига, и тоа закажан за утре, а во кој Металург за противник ќе ја има екипата на Фајверс од Австрија.
По двата порази во ова натпреварување и тоа од Тулуз и Адемар Леон на гостувањата во Франција и Шпанија „металурзите“ за прв пат ќе игра на домашен терен.
Тоа сигурно ќе биде и дополнителен мотив за ракометарите на Металург кои веруваат дека можат и до првата победа на европската цена.
„Минатиов неполн месец беше доста турбулентен за нашата екипа, поради карантинот кој моравме да го одработиме. Без соодветен тренажен процес влеговме во жежок распоред со натпревари и тоа евидентно беше дека се одрази на нашата игра во последниве два натпревара. Станува збор за квалитетна екипа, ги анализиравме нивните натпревари против Тулуз и против Чеховски. Исклучително квалитетен состав, со брза транзиција, се разликуваат од другите екипи во нашата група ги знаеме кои се нивните предности и знаеме во кои елементи можеме да парираме и се надевам дека во вторник ќе можеме да им парираме и зошто и да не изненадиме“, изјави Милан Лазаревски.
Утрешниот дуел меѓу Металург и Фајверс ќе се игра СЦ „Борис Трајковски, а почетокот на мечот е од 18 часот и 45 минути.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
