Loading Video...
Кошарка
20. December 2020 - 16:33

Одложен дуелот Куманово - МЗТ Скопје Аеродром додека Пелистер очекувано го победи Црн Дрим

На домашната спортска сцена иако за денеска беа предвидени два натпревари од 9.коло во Првата машка кошаркарска лига, сепак, се одигра само еден.
 
Иако попладнево требаше да се игра и натпреварот Куманово - МЗТ Скопје Аеродром, сепак тој е одложено. 
 
Причината е позитивен случај на Ковид-19 кај еден играч на домаќините, додека уште петмина од екипата покажале симптоми, поради што цела екипа ќе мора да оди во изолација. Затоа овој меч е одложен, а дополнително ќе биде одреден термин кога ќе се игра.
 
Во натпреварот што се одигра во Струга екипата на Пелистер ја оправда фаворитската улога и убедливо со 102-70 го совлада Црн Дрим со што битолскиот тим го задржаа 100% ефект односно и во четвртиот одигран  натпревар ја забележа четвртата победа.
 
Потсетување дека вчера Академија ФМП го победи составот на ТФТ со 89-75, додека Гостивар беше убедлив против Вардар совладувајќи го со 91-53. 
 
Натпреварите од оваа рунда меѓу МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички, односно Еуро Никел и Кожув беа  одложени.