Loading Video...
Спорт плус
16. December 2020 - 12:46
Прв собир на одбојкарите за новиот квалификациски циклус
Селекторот Матијашевиќ денеска ја направи првата прозивка на одбојкарите кои се собраат во Скопје каде ќе ги одработуваат подготовките за квалификациските натпревари за ЕП 2021 година.
Почетокот на подготовките ќе мине само со играчите кои настапуваат во домашноо првенство, на интернационалците (Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Александар Љафтов и Филип Деспотовски) ќе им се приклучат по завршувањето на клупските обврски.
По историскиот пласман на претходното Европско првенство, целта на оваа геренарција е јасна, нов пласман на континенталниот шампионат.
А, до него, формата за квалификациските натпревари што ќе се играат од 11 до 16 јануари во Скопје, одбојкарите ќе ја „брусат“ со четирите контролни средби против Бурагија (29 и 30 декември) во Скопје и Софија (6 и 7 јануари).
Протвници во квалификациите ќе ни бидат селекиците на Турција и Босна и Херцеговина, против кои ќе одиграме по два натпревари.
Квалификации за ЕП 2021 (распоред) – арена “Борис Трајковски” Скопје
11.јануари: Македонија – Босна и Херцеговина
12.јануари: Босна и Херцеговина – Турција
13.јануари: Македонија – Турција
14.јануари: Македонија – Босна и Херцеговина
15.јануари: Турција – Босна и Херцеговина
16.јануари: Македонија – Турција
Сите натпревари ќе започнуваат во терминот од 18 часот
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
