Loading Video...
Ракомет
16. December 2020 - 10:17

Данска ја комплетира полуфиналната четворка на ЕП

Домаќинот на женското Европско ракометно првенство Данска е последната четврта селекција која обезбеди пласман во полуфиналето. 
 
Данските ракометарки во директен дуел за второто место во групата 1 ја деклаираа Русија совладувајќи ја со 30-23, со што и се приклучија на Франција во четворката која ќе се бори за медали. 
 
Од втората група Норвежанките и пред одигрувањето на последното коло во групната фаза имаа обезбедено полуфинал, за кое како второ рангирани од ова агрупа се изборија Хрватките, кои исто како и домаќинките, во директна пресметка беа подобри од Германија со 23-20. 
 
Така во полуфиналето закажано за во петок (18 декември) прво ќе играат Франција и Хрватска, по што ќе следува скандинавското дерби меѓу Норвешка и Данска.
 
Борбата за медали на програмата е во недела (20 декември). 
 
ЕП Данска, распоред:
18/12, 15:30 часот, Русија – Холандија, меч за петто место
18/12, 18:00 часот, Франција – Хрватска, полуфинале
18/12, 20:30 часот, Норвешка – Данска, полуфинале
20/12, 15:30 часот, меч за трето место
20/12, 18:00 часот, финале