Loading Video...
Ракомет
11. December 2020 - 8:37
Норвежанките се првите полуфиналистки на ЕП
Репрезентацијата на Норвешка е првата која го осигура своето место во полуфиналето на женското ракометно Европско првенство што се одржува во Данска.
Со победата над актуелните светски првенки Холанѓанките и тоа убедлива со 32-25 норвешките ракометарки го продолжија максималниот учинок на шампионатот па уште по првата рунда од четвртфиналната група 2, Норвежанките си го осигураа своето место во бормата за медали.
На добар пат тоа да го сторат се и Хрватките кои во првото коло од оваа конкуренција ја победија Романија со 25 – 20 па во преостанатите два меча, дуелите против Норвежанките или Германките, доволен ќе им биде и само еден нерешен исход.
Во првата група до максималн учинок стигнаа ракометарките на Русија и Франција.
Двете селекции во првата рунда забележаа минимални победи со еден гол разлика и тоа Русинкита го совладаа Црногорките со 24-23, а Французинките беа подобри од Шпанија со 26-25.
Денеска на програмата на шампионатот се два дуели и тоа од оваа група.
Во мечот за првата позиција меѓу (од 18:15 часот) ќе играат Франција и Русија, а евентуалниот победник сигурно ќе го обезбеди првото место во оваа конкуренција во која вечерва се игра и скандинавското дерби меѓу домаќинот Данска и селекцијата на Шведска
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
