Loading Video...
Фудбал
10. December 2020 - 15:37

Комплетиран списокот 16 екипи што ќе играат во осминафиналето во Лигата на шампиони

Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во првата нокаут рунда во елитната фудбалска Лига на шампиони 
 
Со одигрувањето на натпреварите од последното голов во групите од сегментот А до Д, комплетиран е списокот на екипи кои ќе продолжат во осминафиналната рунда. 
 
Благодарение на двата гола на Бензема, Реал со победата од 2-0 над Борусија Менхенгладбах го обезбеди првото место во Б групата, од која како второ рангиран понатаму продолжува и германскиот тим и тоа благодарение на нерешениот исход 0-0 на дуелот меѓу Интер и Шахтјор што пак за италијанската екипа значеше и крај на настапот на европската сцена, додека Украинците продолжуваат во Лига Европа
 
Во Б групата Атлетико Мадрид кој во директниот дуел против Салцбург на гости славеше со 2-0 му се приклучи на прворангираниот Баерн. 
 
Гостинска победа за пласман во осминафиналето против директниот конкурент Ајакс оствари и екипата Аталанта и тоа со гол постигнат во 85-минута, па италијанскиот тим му се приклучи на Ливерпул. 
 
Манчестер Сити и Порто од групата Ц и пред оваа рунда веќе имаат обезбедено пласман во осминафиналето, во кое ќе бидат и екипите на Челзи, Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ како прворангирани во своите групи, односно, Севиља, Лацио, Барселона и Лајпциг кои ги освоија вторите места. 
 
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во понеделник (14 декември) точно на пладне (12 часот), а првите натпревари ќе се играат во февруари (16-17-23/24), додека реванш дуелите на програмата ќе бидат во првата половина на март месец (9/10/16/17) следната година. 
 

Прво рангирани

Баерн (група А)

Реал Мадрид (група Б)

Манчестер Сити (група Ц)

Ливерпул (група Д)

Челзи (група E)

Борусија Дортмунд (група Ф)

Јувентус (група Г)

Париз (група Х)

Второ рангирани

Атлетико (група А)

Борусија Менхенгладбах (група Б)

Порто (група Ц)

Аталанта (група Д)

Севиља (група E)

Лацио (група Ф)

Барселона (група Г)

Лајпциг (група Х)