Loading Video...
Фудбал
13. November 2020 - 16:21

Време за еуфорија нема, претстои дуелот со Естонија, а потоа и Ерменија

До почетокот на Европскиот шампионат и историскиот прв настап на Македонија на истиот има уште седум месеци, но пред нашите фудбалери во наредните денови претстојат завршните два натпревари од годинашното издание на Лигата на нациите. 
 
Радоста во нашиот табор е голема, но веќе в недела, нашата селекција ја очекува нов дуел и тоа во Скопје против Естонија. 
 
Целта е јасна. Победа не само против Естонците туку и во последниот меч против Ерменија закажан за во среда во Никозија, а со тоа и повторување на резултатот од првото издание на Лигата на нациите, односно освојување на првото место во групата, потенцира селекторот Ангеловски.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија од претпоследното коло на програмата е во недела со почеток од 15 часот.