Loading Video...
Фудбал
4. November 2020 - 10:43
Дури 35 голови на осумте натпревари во Лигата на шампите
Супер ефкасни беа стрелците на првите осум натпревари од 3.коло во Лигата на шампионите. Постигнати беа дури 35 голови или во просек нешто повеќе од четири по натпревар (4,35).
Најефикасниот меч го одиграа Салцбург и Баерн во кој актуелниот шампион забележа победа со 6:2.
Шест гола постигнаа и фудбалерите на Борусија Менхенгладбах кои на гостувањето кај Шахтјор славеа со 6:0
Диого Жота забележа хет-трик постигнувајќи три гола за Ливерпул во победата на гости кај Аталанта со 5:0.
Пет голови беа постигнати и во Мадрид каде Реал со 3:2 го победи Интер.
Манчестер Сити и Порто остварија идентични победи со 3:0 во дуелите против Олимпијакос и Олимпик Марсеј, а три голови беа постигнати и на мечот меѓу Митјиланд и Ајакс кој го добија гостите со 1:2.
Најмалку голови, само два, беа постигнати на дуелот во Москва, каде Локомотив и Атлетико Мадрид одиграа без победник 1:1.
Вечерва на програмата се нови осум средби со кои ќе биде комплетирано третото коло.
група Е
21:00 СЕВИЉА - КРАСНОДАР
21:00 ЧЕЛЗИ - РЕН
група Ф
18:55 ЗЕНИТ - ЛАЦИО
21:00 КЛУБ БРИЖ - БОРУСИЈА Д.
група Г
21:00 БАРСЕЛОНА - ДИНАМО КИЕВ
21:00 ФЕРЕНЦВАРОШ - ЈУВЕНТУС
група Х
18:55 БАСАКШЕХИР - МАНЧЕСТЕР Ј.
21:00 ЛАЈПЦИГ - ПСЖ
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
