Loading Video...
Фудбал
7. October 2020 - 13:58

Со досега невиден мотив македонските фудбалери го очекуваат утрешниот дуел против Косово

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со многу мотив и желба за победа го чека стартот на утрешниот натпревар против Косово, преку кој црвено-жолтите ќе се обидат да стигнат до првото свое учество на завршницата на Европскиот шампионат.
 
Шанса која не смее да се испушти, е само во мислите на македонските фудбалери кои утре во Скопје, го играат полуфиналниот бараж дуел против Косово, преку кој ќе се брка финалето, а потоа и првото учество на Европскиот шампионат. 
 
Како што деновиве истакнуваат самите фудбалери, дека ова е нивниот најважен натпревар, капитенот Горан Пандев, потенцира дека за него утрениот меч е оној за кој тој живеел. 
 
„Знаеме што носи овој натпревар. Искусни сме и подготвени сме за тоа што не чека. Сите знаеме што значи да се носи репрезентативниот дрес. За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување. Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ, посебно низ овој лош период во светот. Јас, едноставно живеам за овој натпревар. Знам дека сите ние ќе го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот“, изјави капитенот Пандев.
 
И селекторот Ангеловски потврди дека неговите избранице се мотивирани како никогаш до сега. 
 
„Ако во нешто сум сигурен тоа е дека утре фудбалерите ќе го дадат максимумот како никогаш досега во своите кариера. Факт е дека е чудно е да се игра во вакви услови. Но, за тоа никој не е виновен. Сите сакавме да играме пред полн стадион, тоа е предноста на домашен терен, правилата и условите се такви какви што се и ние ќе дадеме се од себе за го добиеме тој натпревар. „Не може да не чувствуваме притисок бидејќи по 30 години играме бараж. Сигурен сум дека нема да биде последен, а се надевам дека ќе биде успешен“,  истакна селекторот Ангеловски.
 
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Косово на Националната арена „Тодор Проевски“ без присуство на публика со почеток од 20 часот и 45 минути. 
 
Победникот од овој меч во последниот финален дуел за пласман на Еуро ќе игра со подобриот од натпреварот Грузија- Белорусија.