Loading Video...
Фудбал
6. October 2020 - 16:43

Младинците подготвени за тешкото гостување кај Казахстан

младата фудбалска селекција се подготвува за два квалификациски натпревари и тоа веројатно решавачки за второто место во групата, а со тоа и задржување на надежите за настап на Европскиот шампионат
 
Во речиси иста ситуација како и сениорите со императив за победа се и младите македонски фудбалери. Нашите младинци ги очекуваат дуелите против Казахстан и Израел репрезентации кои се директни конкуренти на црвено-жолтите за втората позиција на табелата. 
 
За Димитар Митровски друга опција освен победа нема, доколку сакаме да ги сочуваме  шансите за нов пласман на ЕП. 
 
Казахстанците во моментов се на втората позиција на табелата во шестата групата и тоа со идентични 10 бодови како и македонската селекција, но и натпревар повеќе. 
 
Натпреварот Казахстан - Македонија  ќе се игра во четврток во Алмати со почеток од 13 часот. 
 
По овој меч македонските надежи се враќаат во Скопје, каде на 13 октомври ќе го играат дуелот против Израел селекција која со 8 бодови е веднаш зад Казахстан и Македонија.