Loading Video...
Фудбал
6. October 2020 - 16:21

Македонските фудбалери оптимистички го чекаат дуелот против Косово

Најдобрата фудбалската репрезентација ги одработува мини подготовките пред најзначајниот натпревар за Македонија и дуелот против Косово кој е претпоследната пречка за црвено-жолтите за историски пласман на Европското првенство. 
 
Шанса која не смее да се испушти, е само во мислите на македонските фудбалски репрезентативци кои во четврток во Скопје, го играат полуфиналниот бараж дуел против Косово, преку кој ќе се брка финалето, а потоа и првото учество на Европскиот шампионат. 
 
Стефан Спировски се очекува да има една од важните улоги во тимот Ангеловски, особено во средниот ред, а по отсуството на Ељиф Елмас кој ќе го нема не само на овој натпревар, туку и следните два во Лигата на нациите. 
 
„Ова ќе биде можеби мојот најважен меч во кариерата. Се работи за настап за националниот дрес и можност да се избори пласман на Европско првенство. Предноста за нас ќе биде домашниот терен и фактот што сме поквалитетна репрезентација од Косово. Слушаме дека сме фаворити, но тоа треба да го докажеме на терен. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме навивачите. Пандев ќе биде нашиот лидер, тој е најдобриот играч на нашата репрезентација и ќе значи многу на овој натпревар“, изјави Стефан Спировски.
 
Натпреварот со Косово ќе се игра во четвоток на на Националната арена „Тодор Проевски“ со почеток од 20 часот и 45 минути. 
 
Инаку тоа е првиот од трите натпревари кои македонските фудбалери ќе ги играат за седум  дена. По мечот против Косово ќе следуваат двата дуели во новиот циклус од Лигата на нациите во кои на 11 октомври во недела и гостуваме на Естонија, а три дена подоцна (14 октомври) во Скопје ќе бидеме домаќини на Грузија.