Пристигна опремата за биометриско регистрирање на бегалците
Опремата за биометрискo регистрирање на бегалците пристигна. Министерството за одбрана потврди дека е добиена операмата која треба да биде поставена во транзитниот центар во Гевгелија за брза и целосна идентификација на лицата кои транзитираат низ Македонија.
Јолевски на денешниот состанок со поранешните министри, начачалниците на ГШ на АРМ и пензионираните генерали посочи дека се следи состојбата на терен, а доколку има потреба како поддршка на полицијата ќе биде активиран и резервниот состав. Се уште се во тек разговорите за распоредувањето на Фронтекс, но Јолевски одби да го коментира ставот на Грција.
Покрај актуелната состојба со безбедноста во државата, генералите и поранешните министри ќе разговараат и за начинот на кој АРМ треба да делува, но и можноста на самитот идната година да се добие поканата за членство во НАТО.
Главната подршка посочи Јолевски на армијата во изминатиот период е запирањето на обидите за илегален премин од страна на мигрантите и поставувањето на оградата која е со истата цел. АРМ ќе биде на граничната линија во поддршка на полицијата за справување со предизвиците кои ги носи бегалската криза.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на РМ генерал-потполковник Методија Величковски ќе остварат средба со поранешните министри за одбрана, началници на Генералштаб на АРМ и пензионирани генерали во АРМ.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
