-->
-->
Дали надградбата на нокти е штетна за здравјето?
-->

Долги, кратки, шарени, еднобојни, необични и нападни... Сите тие придавки може да се однесуваат на ноктите. Но колку надградбата и лиените нокти се штетни?
Веројатно и вие не можете да одолеете на новиот маникир и долгите нокти. Ве фасцинираат ноктите кои сте ги виделе на вашата омилена пејачка. Но, пред да се одлучите да направите нов маникир со гел, обрнете внимание на следново:
Сушењето на гелот под УВ ламба го зголемува ризикот од рак
Некои истражувања покажале дека сушењето на гелот на ноктите под УВ лампа го зголемува ризикот од појава на рак на кожата на рацете. Други пак истраувања го покажуваат спротивното - дека УВ светлото за време на маникирот не доведува до рак на кожата и дека е потребно 250 години секој ден да се прави маникир за да се добие рак на кожата.
Некои лакови може да содржат канцерогени супстанци
Националната токсиколошка програма како канцерогена супстанца во лаковите го наведува бутилатед хидроксианизол, но и толуен и формалдехид.
Добро е овие супстанци да ги нема во лаковите за нокти, па затоа бидете внимателни.
Намалете го ризикот од оштетувања на ноктите и отидете кај професионалец
ABC News известуваа за повредите на една девојка која имала оштетувања на нервите поради лошо надградените нокти. Надоградбата подразбира турпијање на ноктот, па оној што ви го прави маникирот треба да води сметка за оштетувањата на кожата кои може да ви ги направи. Затоа изберете сигурен професионалец и со искуство.
Зголемен ризик од инфекција
И самите знаете дека салоните не користат нова турпија или ножички при секој маникир. Тоа го зголемува ризикот за добивање инфекции. Идеално би било да си понесете своја турпија и останатиот прибор за нокти кога одите во салон. Исто така проверете дали салонот има опрема за дезинфекција после употреба.
Отстранувајте го гелот исклучиво во козметички салон
Понекогаш знаеме да бидеме мрзливи и не одиме во салон за да ни го извадат гелот, туку тоа го правиме дома и обично под туш кога ноктите ни се мокри. Тоа ги оштетува ноктите и ги прави слаби и кршливи. Затоа е важно да отидете во салон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
