Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ.
- Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но суштината е дека ова е реализација на ова што го зборувме. Гледате дека ние, за разлика од некои од нашите соседи доста тивко ја водиме целата оваа операција затоа што сметаме дека се работи за еден суштински голем проблем кој мора да се реши и не мислам дека е начин на решавање на овој проблем со обвинување на други со плачење над сопствената судбина или со продуцирање на лажни надежи и лажни вести, рече Николоски во Тема на денот на ТВ Сител.
Појасни дека кога се случил првиот протест на превозниците во февруари првиот чекор го направи самата Европска Унија и го сфати колкав е проблемот и ја презентираа нивната визна стратегија далеку порано од тоа што беше планирано.
- И од таму беше јасно дека професионалните возачи ќе се признаат како категорија. Кога тоа успеавме да го направиме после беше само прашање на методологија како. Наш став беше дека е најлесно со дологорочни визи. Ќе се сети јавноста дека јас за време на протестите итно отидов за Загеб. Се сретнав таму со владини претставници, вклучувајчи го и мојот колега вицепремиерот и министер за транспорт Оливер Бутковиќ, со кој голе долу рамката ја договоривме и таа рамка сега Хрватска ја реализира и сакам да се заблагодарам. Хрватскиот сабор ја изгласа оваа одлука, рече Николоски.
Паралелно, додаде тој, работиме и со Романија, при крај е и таму процедурата. - Почнавме процедура и со Австрија. Веќе е оваа процедура воведена во Швајцарија, која не е членка на ЕУ но е дел од Шенген зоната, така што со ова ние горе долу го затвораме проблемот, како што кажав, тивко, мирно, без многу помпа овој период, рече Николоски.
Во однос на ЕЕС ситемот на ЕУ и проблемите со кои се соочија граѓаните и доаѓањето на туристичката сезона, Николоски рече дека тој систем не е дизајниран за нас, но за жал важи и за нас. Целта на ЕУ е справување со проблемите, пред се, со огромната нелегална миграција.
- Ние имаме две граници на кои овој систем се користи. На границата со Грција и со Бугарија. Летово очекувам голем притисок кон Грција затоа што само на Коридорот 10 поминуваат десет милиони патници годишно, од кои најголем дел се во летната сезона и очекувам дека и таму ќе има решение, рече вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
