Николоски: Силен раст од 23 отсто во карго железничкиот превоз, ја пуштаме и линијата Миладиновци-Драчево

Карго железничкиот превоз на Коридор 10 ни е приоритет и сите политики и мерки што ги работиме се однесуваат да го подигнеме карго сообраќајот и да ја вратиме стратешката позиција на Македонија во железничкиот транспорт, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Во интервју за ТВ Сител, тој потенцира дека во првите месеци во годината, железничкиот транспрот бележи силен раст од 23 отсто.
- Гледате дека инвестиравме многу и гледате дека тоа ни е главен приоритет во моментов. Бев информиран од директорот на ЈП Железница Транспорт дека во првите три месеци од оваа година растот во карго делот е 23 % во роба и 18% во финансии, тоа е одлична бројка. А исто така денес бев информиран и од директорот на МЖ Инфраструктура, Ивановски, дека најдоцна следниот викенд веќе ќе биде оперативна онаа линија која што оди од Драчево до Миладиновци, тоа е практично обиколница на Скопје, карго обиколница, со цел карго возовите веќе да не влегуваат во Скопје. Тоа е добро од три причини. Прво, за да се намали загаденоста во Скопје. Второ, ова е целосно електрифицирана линија и ќе возат само електрични локомотиви. Трето, сериозно се крати патот кога се патува кон Србија, Унгарија, Австрија и така натаму, така што од следниот викенд имаме уште една можност за посилен карго сообраќај. Ако на тоа се додаде дека заедно со ЕБОР се води постапка на купување на карго локомотиви, мислам дека е јасна приказната, истакна Николоски.
Според него, Македонија ја има гостратешката позиција и само со изградба на брзата пруга, земјата ќе ја врати стратешката позиција на главна транспортна рута на Балканот.
- Од есен започнуваме со брзата пруга и мислам дека имаме голема компаративна предност и тука е визијата на премиерот Мицкоски кој има многу голема улога во развојот на овие проекти. А дека ништо не е случајно покажува тоа што овој четврток на 18 јуни во Солун ќе имаме средба на највисоко ниво Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Таму ќе биде и Комесарот за транспорт и мобилност и уште еднаш ќе го реафирмираме инвестирањето во Коридорот 10, нагласи Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
