Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи.
- Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на дневно ниво и така ќе продолжиме да работиме. Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, Романија, во финална фаза сме на договор со Словенија, со Австрија и со Германија, што на некој начин го решава целокупниот проблем на македонските транспортери преку издавање долгорочни работни визи за нив, а кои веќе почнаа да им се издаваат. За Грција и за Бугарија веќе функционира, односно се водат како прекугранични зони и таму воопшто и не се бројат деновите на престој - рече Николоски на новинарско прашање.
Тој потенцира дека државата не е и нема да биде дел од ниедна група на земји од регионот и го води процесот самостојно затоа што било злоупотребено од одредени други земји, како што рече, дел за естрада дел за политички поени таму. - Сè што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализира, а тоа може само да нè доведе до забуни и да нанесе сериозна штета на домашното стопанство - изјави Николоски.
Македонските транспортери, посочи, се доволно свесни и јасно им е - не треба да се потпаѓа под туѓи пропаганди и треба да си ја гледаме нашата работа.
- Во моментот сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас. А што ќе прават другите, тоа е нивна работа и оставам на нив да ги кројат своите политики и стратегии. Она од што сум особено револтиран е дека во март почнавме разговори со Европската делегација и со Европската комисија на експертско ниво. Тие разговори се зад затворени врати од причина што треба најмалку три-четири циклуси за да се дојде до некое решение. На магичен начин имаше брифинг од тие разговори во една соседна држава, излегуваа во јавноста и се изгуби целата поента, што мислам дека е недозволиво. И затоа решивме да го водиме и да го завршиме процесот сами - изјави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
