Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава.
Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека државата реализира најголем инвестициски циклус досега, со изградба на автопати, железничка инфраструктура и бројни проекти низ сите општини.
-Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август - Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност, подвлече вицепремиерот Николоски и додаде дека овој политичко-правен континуитет е јасен доказ за борбата на македонскиот народ за своја држава и за своја самобитност.
Тој посочи дека денес државата се гради како модерна европска земја преку реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции.
-Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата, истакна Николоски.
Тој нагласи дека во тек е изградба на повеќе автопатски делници, развој на железничката инфраструктура на Коридорот 8, како и подготовка за активности на Коридорот 10.
-Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации, порача Николоски.
Во празничната порака, тој упати почит кон илинденците и сите борци кои придонеле за државноста.
-Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се' она што го правиме за Македонија, истакна Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
-

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
-

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени
-

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“
