Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија "Рајанер", Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето.
Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси.
“Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени, укинување на други линии во нивна корист и субвенции кои би биле два и пол пати повисоки само за една компанија”, рече Николоски.
Вицепремиерот откри дека во моментов се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании, додавајќи дека Македонија е единствената земја во регионот која отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза.
“Ние сме единствена земја во целиот регион која што отвара нови авио линии и во следниов период ќе има 5 нови, и тоа: Аустриа Ерлајнс ќе лета директно Виена-Охрид, во јуни месец почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид, а во текот на јуни месец почнуваат две одлични летни дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо-Сицилија, а втората е Алгеро-Сардинија, така што отвараме 5 нови рути во најголемата криза која што и' се случила на авиоиндустријата било кога видена”, изјави Николоски.
Министерот информираше и дека Визер ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата веќе размислува и за воспоставување база на охридскиот аеродром.
Во однос на резервите со керозин, тој исткана дека имаме резерви со кериозн и над законскиот минимум, други аеродроми се снабдуваат од кај нас што подразбира дека состојбата е стабилна.
Ново на Сител
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
-

Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ
-

Без вода дел од жителите на Центар
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
