Николоски: Градежништвото ја движи економијата

Растот од 22 проценти во градежништвото е историски највисок квартал, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше во Куманово на примопредавање на новите комунални возила набавени од Светска банка. Николоски истакна дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, односно второто тромесечје на оваа година, туку е континуитет уште од минатата година.
-Ние во 2024 година ги поставивме темелите, базата, ги поставивме проектите и веќе од 2025 гледаме силен развој во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал, највисоко тромесечје- рече Николоски.
Министерот за транспорт посочи дека на терен се завршени градежни работи со вредност од 242 милиони евра и тоа за само три месеци, а како што рече „споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22 процента, а и минатата година имаше раст“.
-Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти кои што ќе значат сериозен раст на градежништвото, а со тоа и на бруто-домашниот производ- подвелече Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
