Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 проценти споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.
- Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија - напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.
MИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
