НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА
Ексклузивно на Сител, секоја недела во 21.15 часот следува новата сезона на единственaта шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна. Ова е натпревар на ветерани со неодоливи животни приказни и неостварени соништа. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што никогаш не е доцна.
Шанса за нов почеток за сите аматери кои собраа храброст да се појават на големата сцена каде ќе запејат во придружба на големиот оркестар. А токму преку изведбата на најголемите фолк, поп и рок хитови, публиката ќе доживее вистински ролеркостер од емоции и восхит.
Возбудата допрва ќе расте во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на авторот и креатор Жика Јакшиќ, водителката Драгана Катиќ и Саша Милошевиќ Маре, како постојан член на стручното жири.
Секоја недела навечер на Сител ги следиме најдобрите возрасни таленти и навиваме за македонските кандидати, кои ќе треба да се претстават во најдобро светло и чиј пат до славата ќе почне и ќе се вивне токму преку ова телевизиско шоу.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
